Dildar Baykan
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ТОКИО (АА) - Обилните врнежи од дожд во североисточниот дел на Јапонија предизвикаа поплави, поради кои е издадена наредба за евакуација на повеќе од 20.000 луѓе, а во најзагрозените региони под вода останаа околу 500 станбени единици, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната заштита на јапонскиот регион Акита соопшти дека ситуацијата во поплавените градови е алармантна, но досега нема информации за жртви.
Јапонската новинска агенција „Kyodo“ (Кјодо) објави дека во источниот дел на Јапонија е прекинат железничкиот сообраќај, бидејќи поплавите на неколку локации предизвикаа штета на пругите и на железничката инфраструктура.
Гувернерот на регионот Акита, Норихиса Сатаке, изјави дека Владата на Јапонија ќе побара помош за надомест на штетата предизвикана од поплавите.
Метеоролозите предупредуваат дека североисточниот регион на Јапонија и во следните 24 часа ќе има поројни дождови.
Во почетокот на јули, југозападна Јапонија беше погодена од тајфунот Нанмадол, кој донесе невреме и поплави во коишто загинаа најмалку 34 лица.