Gülşen Topçu
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
ХАН ЈУНИС (АА) - Израелската армија ја ракетираше караулата на военото крило на Хамас во Хан Јунис, во појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според тврдењата на очевидци, во областа на караулата биле детонирани две ракети, а во нападот нема жртви.
Покрај тоа, од израелските воени бродови бил отворен оган врз палестински рибарски бродови во близина на јужниот брег на Појасот Газа. Ниту во овој напад немало жртви.
Израелската војска официјално не се огласи во врска со овие настани.