Emel Öz Gözellik
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
АНКАРА
Секој ден во светот, поради каснување од змија умираат по 200 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на „Си-ен-ен“ (CNN), од каснување на змии дневно во светот умираат по 200 лица, а на годишно ниво меѓу 81.000 до 138.000 лица. Најмалку 400.000 луѓе секоја година се во состојба на инвалидност поради каснување од змии.
Истражувачката организација „Wellcome Trust“, со седиште во Велика Британија, истакна дека кога ќе се спореди со која било тропска болест, најголем број смртни случаи и инвалидитет во светот се последица од каснување на змии.
Случаите кај кои од каснување од змија настапува смрт кај луѓето, е еден од најголемите и најскриените здравствени проблеми во светот.
Светската здравствена организација (WHO) објави план за намалување на бројот на смртни случаи поради каснување од змии.
СЗО посочи дека образованието е многу важно за да се намали бројот на смртни случаи од каснување на змии и додаде дека со инвестиција од 136 милиони долари до 2030 година се очекува смртните случаи и инвалидноста да се намали на половина.
Проф. Мајк Тарнер од организацијата „Wellcome Trust“ изјави дека каснувањето од змии може да се лекува и дека со вистинскиот противотров се зголемуваат шансите лицето да преживее.
Научниците посочуваат дека има потреба од нови пристапи за производство на побезбеден, поевтин и поефективен противотров.
Во светот има околу 3.400 видови змии, а околу 600 од нив се сметаат за отровни.
Нападите претежно се случуваат во Азија и Африка.