Abdulkadir Günyol
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Со новата технологија за препознавање лице развиена од страна на Центарот за заштита и истражување на Кина, можно е да се разликуваат пандите едни од други, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на кинеската државна новинска агенција „Шинхуа“, во рамки на проектот развиен во соработка со Технолошкиот универзитет „Нанјанг“ од Сингапур, и Универзитетот „Сичуан Нормал“, анализирани се лицата на околу 10.000 панди.
Истражувачите што го користеа овој систем можат да ги разликуваат лицата на пандите. Преку овој систем, истражувачите се надеваат дека наскоро пандите што се наоѓаат не само во зоолошките градини, туку и во дивата природа, ќе бидат вклучени во технологијата за препознавање лице.
Истражувачот Чен Пенг истакна дека преку оваа практика ќе може да се добиваат попрецизни и широки податоци за пандите, како нивната возраст, стапката на смртност и други податоци.
- Кина инвестира многу во технологијата за препознавање лице
Кина во последните години привлекува внимание со големите инвестиции во технологијата, а постигна голем напредок во насока на технологијата за препознавање лице.
Благодарение на мрежата од камери и технологијата за препознавање лице во Кина, коишто се во голема бројка, може да се открие идентитетот на граѓаните.