Emre Aytekin
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Набљудувачкиот сателит на американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) за Јупитер, „Јунона“, откри дека со текот на времето се менува магнетното поле на оваа планета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на НАСА, „Јунона“ утврди дека менувањето на магнетното поле наречено секуларна варијација, на гасните гиганти е предизвикано од атмосферските ветрови на планетата.
Со тоа, покрај на Земјата, за првпат се забележани промени во внатрешното магнетно поле на една планета.
Научниците кои ја подготвиле тридимензионалната мапа на магнетното поле на Јупитер, тоа го споредија со податоците за магнетното поле кои НАСА ги собира од почетокот на 1970 година преку сателитите „Пионер 10“ и 11, „Војаџер 1“, како и „Улис“.
Овие ветрови, кои дуваат меѓу површината на планетата и длабочината на атмосферата од 3.000 метри, ги претвораат гасовите во високо проводен течен метал, и со тоа магнетните полиња ги сечат, протегаат и ги влечат кон другите места во планетата.
Резултатите на ова истражување се објавени во списанието „Nature Astronomy“.