свет, живот

Во сенка на пандемијата на коронавирусот во Витлеем отворен Божиќниот панаѓур

Божиќниот пазар во Витлеем е украсен со новогодишни елки, во услови на оптимизам за враќање на верскиот туризам, по две години наметнати ограничувања поради пандемијата на коронавирусот

Sibel Uygun  | 03.12.2021 - Обновена : 04.12.2021
Во сенка на пандемијата на коронавирусот во Витлеем отворен Божиќниот панаѓур

ВИТЛЕЕМ (АА) - Во Витлеем свечено е отворен Божиќен панаѓур пред Црквата на Христовото раѓање, јавува Агенција Анадолија (АА).

Божиќниот пазар во Витлеем е украсен со новогодишни елки, во услови на оптимизам за враќање на верскиот туризам, по две години наметнати ограничувања поради пандемијата на коронавирусот.

Пред пандемијата на Ковид-19 илјадници верници и туристи од целиот свет доаѓаа во Витлеем по повод божиќните и новогодишните празници.

Кармен Гатас, шефицата за односи со јавноста во Витлеем, изјави дека Божиќниот панаѓур ги охрабрува граѓаните кои добиле можност да ги изложат рачно изработените предмети, особено оние кои останале без работа поради пандемијата на коронавирусот.

„Наша цел е да ги понудиме производите на луѓето во регионот кои останале без работа и да им помогнеме да остварат профит“, додаде Гатас.

Пред неколку дена во Витлеем започнаа подготовките за Божиќ. На Плоштадот „Мангер“, односно на Плоштадот „Јаслица“ е поставена висока елка околу која посетителите се собираат и пеат.​​​​​​​

Во изминатите две години, божиќните прослави во Витлеем беа ограничени на верски церемонии со ограничен број посетители, во согласност со мерките воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.