Ayhan Şimşek
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
БЕРЛИН (АА) – Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети кога камион вечерва се заби на Божиќен пазар во Берлин, главниот град на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
На местото на настанот беа испратени голем број на полициски и амбулантски возила.
Полицијата во Берлин потврди дека најмалку девет лица загинале, додавајќи дека сеуште трае истрагата за да се утврди дали се работи за терористички напад или несреќа.
Очевидците кои сведочеа на целиот настан, тврдат дека возачот на камионот побегнал откако се забил на Божиќниот пазар во Берлин.
Божиќниот пазар е отворен во близина на меморијалната црква Кајзер Вилијам во Курфирстендам.