Diyar Güldoğan,Satuk Buğra Kutlugün
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Трилатералниот состанок помеѓу Турција, Русија и Иран во врска со состојбата во Сирија ќе биде одржан денес, а синоќа е соопштено дека нема да биде одложен по убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Меѓународниот комитет при рускиот парламент (Дума) Леонид Слутски, синоќа за рускиот телевизиски канал ТВ „Росија-24“ изјави дека убиството на Карлов нема да им наштети на руско-турските односи.
Слутски истакна дека верува во конструктивните заклучоци кои би можеле да бидат донесени на денешните преговори во Москва, кои ќе се одржат без оглед на ужасната трагедија.
„Сега Анкара и Москва треба да работат побрзо за да ги решат проблемите кои се на дневен ред”, истакна Слутски.
Рускиот амбасадор во Турција синоќа во болница им подлегна на повредите. Тој на отворање на изложба во Анкара имаше обраќање пред присутните, кога напаѓачот, кој подоцна е неутрализиран, отвори оган врз него.