Emre Gürkan Abay
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека нападот на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов е провокација насочена против добрите односи на Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нападот врз рускиот амбасадор е провокација насочена против добрите односи меѓу Турција и Русија, кои нашите земји ги унапредија во врска со Сирија", рече Путин.
Истакна дека одговор на нападот на рускиот амбасадор е јакнење на борбата против тероризмот додавајќи дека сака да дознае кој, како што рече, „управувал" со напаѓачот.