МУГЛА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека однесувањето на Грција е спротивно на добрососедските односи бидејќи за 3 месеци издала 46 навтекси, објавила 22 региони за обука, од кои користела само два, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар, заедно со началникот на Генералштабот на турската Војска, Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили, Умит Дундар, командантот на Воздухопловните сили, генерал Хасан Кучукакјуз, командантот на Морнарицата, Аднан Озбал, пристигнаа во Командата на поморската база „Аксаз“ за да на самото место ја следат вежбата „Тигарска канџа 2020“.
Истакнувајќи дека тие се залагаат за изнаоѓање политички решенија за сите проблеми на Егејот, Источниот Медитеран и Кипар во рамките на дијалогот, преговорите и добрососедските односи, Акар изјави:
„Рековме дека сме подготвени да сториме сè во врска со тоа. И вчера и денес сме на иста точка. Овие проблеми може да се решат со разговори, преговори, подготвени сме за дијалог. За жал, нашиот сосед во однос на разговорите е исклучително бавен, нема желба, но продолжува да ги искривува фактите. Особено преку медиумите изнесува секакви лажни тврдења и барања“, рече Хулуси Акар.
Нагласувајќи дека Турција, давајќи изјави на оваа тема, настојува да се разбере вистината, Акар додаде:
„Ние не сме за тензија и заострување на тензијата. Ние сме за мир и спокој што е можно поскоро. За жал, нашите соседи ја зголемуваат тензијата. Тие што бегаат од дијалог се нашите соседи.“
Прашувајќи се што прави нашиот сосед, Акар рече: „Нашиот сосед за 3 месеци издаде 46 навтекси, објави 22 региони за обука, а користеше само два. Ова однесување е спротивно на добрососедските односи.“
Министерот Акар исто така додаде дека одлуката за санкции од Соединетите Американски Држави (САД) негативно ќе влијае на НАТО сојузот.
„Зачудени сме што за Законот за спротивставување на американските опоненти преку санкции (КААТСА) се израдуваа некои наши соседи и сојузници и тоа го нотираме. Ова треба да се знае. Имаме потреба од воздушна одбрана од 1982 година. Направени се разни студии за да се задоволи оваа потреба. Во 1990-тите години овие студии се интензивираа. Со настаните во Сирија, нашата потреба се зголеми. Нема ништо скриено тука, сè е јасно. Овој процес на набавка започна со исклучително транспарентни преговори и разговори. Како ќе погледнеме ладнокрвно на настаните, очекуваме Соединетите Американски Држави да видат дека нивната одлука е грешка и да се ја променат. Оваа одлука не само со Турција, ќе влијае и на НАТО сојузот.“
news_share_descriptionsubscription_contact
