Behlül Çetinkaya
08 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
АНКАРА
Турција го ратификува Протоколот за економска соработка со Азервејџан на 9. сесија на турско-азербејџанската меѓувладина заедничка комисија за економија, објави турскиот Службен весник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ратификувањето на Протоколот, потпишан од потпретседателот на Турција, Фуат Октај и азербејџанскиот премиер Али Асадов во главниот град Анкара на 19 февруари, беше објавено во турскиот Службен весник.
Во рамките на Протоколот, Турција и Азербејџан се согласија да ја прошират соработката во многу области, вклучувајќи образование, безбедност на храна, транспорт и комуникација.
Како дел од Протоколот, Турција ќе го поддржи Азербејџан во враќањето и развојот на регионите ослободени од ерменската окупација.
Покрај Протоколот, земјите имаат потпишано и четири меморандуми за разбирање.
Договорите имаат за цел да ја подобрат соработката во областа на стручната обука, транспортот и информатичката технологија, акредитацијата и прехранбените халал производи.
Односите помеѓу Ерменија и Азербејџан се проблематични од почетокот на 90-тите години од минатиот век кога Ерменија го окупираа Нагорно Карабах и уште седум соседни региони, кои се суверен дел од територијата на Азербејџан.
Во конфликт кој избувна во септември минатата година и заврши со договор на 10 ноември, Азербејџан ослободи неколку града и речиси 300 населени места и села од речиси тридецениската окупација на Ерменија.
Прекинот на огнот се смета за победа на Азербејџан и пораз на Ерменија, чии вооружени сили се повлекоа во согласност со договорот.
Воспоставен е заеднички турско-руски центар за следење на примирјето. Во регионот се распоредени и руски мировни трупи.