Bestami Bodruk
08 Јули 2021•Ажурирај: 09 Јули 2021
ДИЈАРБАКИР (АА)
- Бестами БОДРУК
Семејството Суер, кое живее во областа Чинар во Дијарбакир, се грижи за седумте ежа што ги посвоило како бебиња, затоа што нивната мајка угинала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Касим Суер работи како одгледувач на коњи на еден хиподром во Дијарбакир.

Тој во својата градина во која одгледува плодови, со сопругата и шесте деца исто така одгледува еребици, кози, кокошки, мачки, зајаци, крави и гулаби.
Бројот на животни што ги одгледува семејството, од ден на ден сѐ повеќе расте. Тоа во последниот период започна да се грижи и за седум ежа.
Касим Зуер, кој видел седум младенчиња од еж под смоква во нивната градина, извесен период чекал да се појави нивната мајка.

Подоцна дознал дека нивната мајка угинала откако ја згазило возило и оттогаш почнал да се грижи за малите ежови.
Суер и неговото семејство секој ден ги хранат малите ежови со свежо млеко од нивните крави. Млекото им го даваат со лажица.
- „Кога ќе пораснат, ќе ги чувам во мојата градина“
Таткото Суер, во изјавата за дописникот на АА, истакнувајќи дека многу ги сака животните, рече дека тоа се должи на коњите што ги одгледува на хиподромот.
Посочувајќи дека чува многу животни во градината на својата куќа, Суер додаде:
„Малите ежови ги забележав во мојата градина. Кога дознав дека нивната мајка угинала, ги донесов дома. Имам еребици, зајаци и крави. Сега имаме и ежови. За ежовите се грижи целото семејство.“

-„Нема да ги оставиме да угинат“
Шеснаесетгодишната Зијнет Суер, една од ќерките на Суер, рече дека ежовите ги одгледуваат со голема љубов. Тринаесетгодишната Султан Суер, пак, рече дека ежовите се скоро како нејзини браќа и сестри.
Седумгодишната Сумеје Суер, наведувајќи дека многу ги сака ежовите, рече: „Нема да ги оставиме да угинат.“
