Büşra Nur Çakmak
08 Јули 2021•Ажурирај: 08 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, денеска телефонски разговараше со неговиот албански колега Нико Пелеши за регионалните и билатералните одбранбени прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, телефонски разговараше со Нико Пелеши, министерот за одбрана на Албанија“, се вели во соопштението издадено од турското Министерство за национална одбрана.
„За време на разговорот беа разменети мислења за регионалната и билатералната одбрана и безбедносни прашања, вклучувајќи го и прашањето за Авганистан“, се додава во соопштението.