Gökhan Ergöçün
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Мобилната лабораторија на турска технолошка фирма, развиена за тестови за Ковид-19 со поддршка на Турскиот совет за научно-технолошко истражување, го привлекува домашното и меѓународното внимание, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Мобилната лабораторија ХТЛ Технолоџи (HTL Teknoloji), која има стандард за биосигурност на ниво 3 од Светската здравствена организација, им помага на луѓето да се тестираат за присуството на вирусот, на сите локации“, се вели во соопштението.
Може да се пренесе со камион или слични возила, овозможувајќи и тестови за антитела и ПЦР-тестови.
Мобилната лабораторија може да даде резултати од тестот за Ковид-19 за 45 минути. Исто така, има предност во однос на трошоците во споредба со нејзините ривали во ЕУ и САД.
„Фирмата е во контакт со некои организации во Турција, кои се заинтересирани за лабораторијата, како и со неколку земји, вклучувајќи ги Холандија, Северна Македонија, Ирак, Иран и Азербејџан“, изјави Наџи Сиври, шефот на фирмата.
„Покрај придонесот во борбата против вирусот, имаме за цел да обезбедиме дополнителна вредност на нашата земја, особено преку нашата работа во областа на здравството“, изјави Сиври.
Фирмата, исто така, разви ултравиолетово средство за стерилизација против новиот коронавирус.
Коронавирусот, што првично се појави во Кина во декември 2019 година, зарази околу 77 милиони луѓе низ светот, а досега починаа околу 1,7 милиони пациенти.