Emre Doğan
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Одбојкарскиот тренер на „Галатасарај ХДИ Сигорта“ Недим Озбеј, кому му се слоши во градот Лас Палмас во Шпанија, и е хоспитализиран во Шпанија, под инструкции на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со авион за прва помош ќе биде донесен во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одбојкарската екипа на „Галатасарај ХДИ Сигорта“, се наоѓа во Шпанија на осминафиналните натпревари на ЦЕВ-купот на Европа.
Според соопштението на Одделот за односи со јавноста при Претседателството, авионот за брза помош се очекува од Лас Палмас, од шпанските Канарски Острови, да тргне во 18:00 часот по локално време и да слета во Истанбул околу 02:00 часот.
Лекувањето на Недим Озбеј (65), кој истовремено и главен тренер на Националната машка одбојкарска репрезентација ќе продолжи во Турција.