Doğa Kırmızıoğlu
21 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
ЛОНДОН (АА) - Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, влезе денес во 300-тата недела на чело на АТП-листата, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Српскиот тенисер е втор во историјата што стигна до оваа бројка, а пред него тоа го постигна само Швајцарецот Роџер Федерер.
Федерер на врвот на АТП-листата беше 310 недели, а 33-годишниот Ѓоковиќ тој рекорд може да го сруши на 8 март 2021 година.
Ѓоковиќ првото место го зазеде по освојувањето на Австралија опен во февруари, кога стигна до 17-та титула на Грен слем турнирите.
На АТП-листата по српскиот тенисер се Рафаел Надал, Доминик Тием, Даниел Медведев и Роџер Федерер.