Mutlu Demirtaştan
27 Мај 2019•Ажурирај: 29 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Чешката тенисерка Петра Квитова поради повреда се повлече од Ролан Гарос, грен слем турнирот кој се игра во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во моментов шестата тенисерка на светот, Квитова, на Твитер напиша дека е разочарана што нема да може да настапи на турнирот.
„Чувствувам болка во левата рака веќе неколку недели и дијагностицирана ми е повреда од втор степен. Тажна сум што нема да настапам, а во случај да играм, би ризикувала потешка повреда. Со нетрпение ќе чекам да се вратам на овој турнир следната сезона“, порача Квитова.
Со повлекувањето на двократната грен слем шампионка, најмногу профитираше романската тенисерка Сорана Кирстеа, која наместо неа ќе настапи во првиот круг против Словенката Каја Јуван.