живот

Во Белгија пронајдено дете кое исчезна пред 20 години

Симон Лемби, кој исчезна на 14-годишна возраст и официјално е заведен за „починат“, е пронајден жив

Yusuf Hatip  | 06.02.2019 - Обновена : 06.02.2019
Во Белгија пронајдено дете кое исчезна пред 20 години АА/Архива

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Пронајден е Симон Лемби, кој во 1999 година исчезна на 14-годишна возраст и официјално е заведен за „починат“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според вестите објавени во локалните медиуми, момчето пред да исчезне, на своите родители им рекло дека ќе излезе за да гледа телевизија, но Лемби повеќе не се вратил дома. Откако активностите околу неговото пронаоѓање не вродиле со плод, тој во официјалните документи е заведен како „починат“.

Во веста се наведува дека Лемби, кој исчезна во 1999 година на своја 14-годишна возраст, живее во едно место во Европа, кое не се именува.

Се очекува официјалните претставници денес да одржат прес-конференција на таа тема.

Лемби е едно од четирите деца на семејство кое во 1999 година од Ангола мигрирало во Белгија, а една недела подоцна Лемби исчезнал.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın