Aysu Biçer
29 Јули 2022•Ажурирано: 31 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Француската економија, втора го големина во еврозоната, се зголеми 0,5 отсто во вториот квартал оваа година, што е повеќе од очекуваното, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инаку, се очекуваше растот да биде околу 0,2 отсто.
Како што соопшти Агенцијата за статистика (Insee), за растот главно придонел посилниот извоз со намалување на увозот.
„Придонесот на домашната побарувачка кон растот на бруто-домашниот производ (БДП) изнесуваше нула во кварталот“, се вели во извештајот.
Се додава дека финалната домашна побарувачка немала никаков придонес во растот, бидејќи потрошувачката на домаќинствата и државната потрошувачка се намалуваат.
Во меѓувреме, француската економија се зголеми за 4,2 отсто на годишно ниво во вториот квартал, по силниот раст од 4,8 отсто во првиот квартал.