Zeynep Beyza Kılıç
16 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Туркије ќе инвестира вкупно 3 милијарди долари во инфраструктура за електрични возила, дистрибуирано производство и технологии за обновлива енергија до 2030 година, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Една од најважните теми во наредните години ќе биде електричните автомобили“, рече Донмез на состанокот организиран од Здружението на оператори на електродистрибутивни системи (ELDER).
„До 2030 година, планирана е инвестиција во вредност од 1 милијарда долари за мрежна инфраструктура на електрични возила“, додаде тој.
Дополнително, „потребни се 2 милијарди долари во инвестиции за мрежата во дистрибуирано производство и технологии за обновлива енергија до 2030 година“, рече Донмез.
„Во периодот 2016 - 2020 година, вкупно 74,3 милијарди лири беа инвестирани во дистрибуција на електрична енергија во земјата“, рече Донмез.
„За 2021 - 2025 година се очекува инвестициите да достигнат 124 милијарди лири, од кои 20 милијарди лири се веќе имплементирани во мрежни и во други инвестиции“, додаде тој.