Jeyhun Aliyev
20 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Турска компанија ќе го сподели своето 30-годишно искуство во менаџирањето со хотели и инвестирање во тајмшер одморалишта во областа на геотермалниот туризам со Тунис, јавува Anadolu Agency (AA).
Во партнерство со Тунискиот државен фонд, Групацијата „Доган Геотермал“ ќе изгради одморалиште со 1.000 апартмани, центар за физикална терапија и рехабилитација, како и трговски центар со тајмшер систем во јужниот туниски град Ел Хама.
Делегацијата предводена од Јасин Актај, советник од турската владејачка Партија на правдата и развојот (AK Parti) и Мехмет Али Доган, челникот на компанијата, претходно спроведоа прелиминарна проценка на местото, и разговараа за деталите за проектот и протоколот за партнерство.
Делегацијата, исто така, одржа работен состанок со тунискиот министер за развој, инвестиции и меѓународна соработка, Зиад ал Атхари, во однос на стимулациите што ги нуди туниската владата за странските инвестиции.
„Тунис е земја која нуди значителни стимулации за странските инвеститори“, изјави Актај за АА.
Тој нагласи дека Тунис поседува богати ресурси на термални води, додавајќи дека проектот се родил откако добиле понуда од Тунис.
Актај рече дека тунискиот град Ел Хама, поради својата географска близина до Либија и Алжир, ќе привлекува туристи и од овие две земји.
„Инвестиции од сличен карактер ќе продолжат и во главниот град Тунис“, додаде тој.