свет

Во Јемен починаа 5-мина странски експерти за деминирање

Во рамките на Проектот за деминирање, што го спроведува Саудиска Арабија, во областа Мариб дојде до експлозија во која животот го загубија 5 странски експерти за деминирање

Afra Aksoy  | 20.01.2019 - Обновена : 21.01.2019
Во Јемен починаа 5-мина странски експерти за деминирање

Marib

МАРИБ (АА) - Во рамките на Проектот за деминирање, што во Јемен го спроведува Саудиска Арабија, во областа Мариб дојде до експлозија во која животот го загубија 5-мина странски експерти за деминирање, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од официјалните претставници и безбедносните извори, во седиштето на Проектот за деминирање, што се наоѓа во местото Мариб, се собрале експертите за деминирање за да ги деактивираат мините. Работејќи на деактивирањето на мините, дошло до експлозија, во која животот го загубиле 5 странски експерти за деминирање.

Во експлозијата загинаа државјани на Колумбија и на африканските земји, а меѓу нив е и заменик-директорот на Проектот за деминирање, британскиот државјанин Јоханес Ден Хан, кој по потекло е од Јужна Африка.

Во Јемен пред речиси година и пол се започна со расчистување на мините во различни подрачја поставени од страна на Хусите.

Јемен се наоѓа во длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.

Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Сана и уште неколку важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен дејствува од пристанишниот град Аден.

Судирите во Јемен дополнително се интензивираа во март 2015 година, кога Саудиска Арабија со своите сојузници започна воздушни напади врз позициите на бунтовниците.

Во војната е уништена инфраструктурата на земјата, вклучувајќи го здравството, водоводната мрежа и канализацијата, поради што ОН ја опишаа ситуацијата во оваа заливска земја како една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.

Одвреме-навреме страните постигнуваат договор, меѓутоа, со тоа не е постигнат некој конкретен напредок.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın