Mustafa Deveci
20 Јануари 2019•Ажурирај: 21 Јануари 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската администрација на петмина чувари на „Ал-Акса“ во Источен Ерусалим (Кудс), им воведе забрана за влез во џамијата „Ал-Акса“, во временски период од 4 до 6 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за односи со медиумите при Управата за вакуфи во Ерусалим соопшти дека забраната за влез во џамијата „Ал-Акса“ е воведена и за палестинскиот активист Авад Салајмех.
Во соопштението се наведува дека шестмесечната забрана е воведена за тројца чувари и еден активист, а четиримесечна за двајца чувари.
Чуварите на џамијата „Ал-Акса“, во понеделникот не му дозволија на израелски полицаец со јармулка на глава да влезе во „Кубетус-Сахра“, затворајќи му ја вратата.
Чуварите не се одзваа на повиците да ја отворат вратата и да се предадат, што предизвика тензии во „Ал-Акса“.