Turgut Alp Boyraz
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелските војници уапсија 11 Палестинци на Западниот Брег поради наводна вмешаност во терористички активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Од израелската војска наведуваат дека синоќа на различни локации на Западниот Брег извршиле рации за време на кои се уапсени 11 Палестинци.
Според податоците на палестинските власти, Израел во моментот во затворите држи околу 7.000 Палестинци, од кои поголемиот дел доаѓаат од окупираниот Западен Брег. Израелската војска во последно време спроведува апсења ширум Западниот Брег, под изговор дека трага по Палестинци.