Eshat Fırat
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Најмалку 11 Палестинци се ранети при интервенција на израелските војници на протестите на окупираниот Западен брег, одржани поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците денес продолжија со протести во градовите Рамала, Тулкарм, Хербон и Наблус.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека за време на интервенцијата на израелските војници на протестите биле ранети вкупно 11 лица.
Се наведува дека израелските војници користеле солзавец и гумени куршуми.
Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември донесе одлука за признавање на Кудс како главен град на Израел, како и преместување на американската амбасада од Тел Авив. Следуваа голем број на протести ширум Западниот брег и на границата со Газа во која при интервенција на израелските сили се приведени голем број на Палестинци.