Bayram Altuğ
14 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, изјави дека осмиот круг на мировни преговори за Сирија, кој на 28 ноември започна во Женева, е завршен со неуспех, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не успеавме. Пропуштена е златна можност“, изјави Де Мистура на прес-конференцијата, одржана последниот ден од осмиот круг преговори додавајќи дека одржал одвоени состаноци со делегациите на сирискиот режим и опозицијата.
Тој истакна дека од 28 ноември со претставнците на опозицијата се состанале вкупно 11, а со делегацијата на сирикиот режим седумпати.
Нагласи дека членовите на опозициската делегација за време на осмиот круг преговори најмногу се фокусирале на прекуграничните прашања, уставот, изборите и борбата против тероризмот, додека сирискиот режим најмногу дискутирал за прашањето околу тероризмот.
Тој додаде дека делегацијата на сирискиот режим порачала дека предлогот од конференцијата „Ријад 2“, одржана минатиот месец, во кој се наведува дека претседателот Башар ал-Асад нема да има улога во транзициониот период, не е реален ниту прифатлив.
Запрашан дали преговорите ќе продолжат или не, Де Мистура одговори дека ќе продолжат да преговараат и покрај сите тешкотии.
„Која е алтернативата? Мојот одговор е дека во јануари е повторно планирано започнување на преговорите“, рече Де Мистура, додавајќи дека наскоро ќе разговара со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за тековните преговори за Сирија.
„Ќе се состанам со генералниот секретар на ОН следната недела за деветтиот круг на преговори да започне во јануари“, рече специјалниот претставник на ОН за Сирија.
Потсетуваме, 8. круг мировни преговори за Сирија, започна на 28 ноември во седиштето на ОН во Женева, а првите мировни преговори во Женева беа одржани на 30 јуни 2012 година.