Dzihat Aliju
29 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - По одлуката на САД да го признае Ерусалим (Кудс) за лавен град на Израел, во голем број земји, меѓу кои и во Македонија, им се дава поддршка и солидарност со Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопственик и шофер на приватен градски автобус во Скопје, со цел да ја искаже својата поддршка со Палестина и палестинскиот народ, на предниот дел од автобусот постави натпис „Кудус”, а на предната шофершајбна закачи палестинско знаме.
Енвер Амети, сопственик и шофер на приватен градски автобус, за АА изјави дека натписот „Кудус” го поставил во предниот дел на автобусот со цел да им даде поддршка на палестинските браќа.
Сопственикот Амети рече дека автобусот, кој сообраќа на линиите „19” и „20”, на граѓаните им ги пружа своите услуги на две различни автобуски релации во градот Скопје. Тој додаде дека во последниот период, голем број граѓани и патници се сликаат пред автобусот.
Амети истакна дека главна цел му е давање поддршка на, како што вели, палестинските браќа.
Потсетувајќи на зборовите на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган упатени до Трамп „Кудс е црвената линија на муслиманите”, Амети додаде: „Вие не сте осамени”.
Амети рече дека некои патници во автобусот, согледувајќи го натписот 'Кудс' различно реагираат.
„Има луѓе кои го знаат името, има и такви кои не го знаат. Македонија е составена од различни етнички заедници. Ме прашуваат што значи 'Кудс'. Јас им објаснувам и им раскажувам што сѐ трпат муслиманите таму. На вестите можеме да видиме што сѐ им се прави на нашите браќа во Газа која е под блокада”, раскажа Амети.
Тој нагласи дека со тага ги следи вестите поврзани со Палетинците.
Истакнувајќи дека со написот на автобусот ја посакува независноста на палестинските браќа, Амети рече: „Нека се отстрани блокадата. Комплексот Ал Акса е наш објект. Да даде Господ да имам можност да се помолам таму.”