Mehmet Hatipoğlu
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
АТИНА (AA) - На Фудабслкиот сојуз на Грција (EPO) доставен му е пакет со заканувачко писмо и куршуми, насловено на претседателот на грчката кровна куќа на фудбалскиот Вангелос Граменос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во грчките медиуми, пакетот е доставен преку пошта во централата на фудбалскиот сојуз во Атина.
Покрај куршумот, во пакетот било заканувачко писмо на три страници. Заканите наводно се упатени поради односот на фудбалскиот сојуз кон некои од грчките клубови.
Заканувачкото писмо и куршум ги испрати лице потпишано како „Пападопулос" од Пиреа.
Екипите на грчката полиција за борба против тероризмот покренаа истрага во врска со овие случаи.