Stipe Mayiç
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - На последната седница на Владата на Хрватска за оваа година, премиерот Андреј Пленковиќ се осврна на нападот на Хрватите во Србија, односите со Словенија и додатните вложувања во санацијата на долгови во здравството, јавува Anadolu Agency (AA).
Пленковиќ го осуди неодамнешниот напад на Хрватите во Сонта (Србија) и додаде дека Министерството за надворешни и европски работи на чело со министерката Марија Пејчиновиќ Буриќ, вложило протестна нота до претставниците на српската Влада во Белград и во Загреб.
„Ја повикуваме Србија да ги заштити своите граѓани кои се од хрватска националност, а живеат во Србија“, порача Пленковиќ.
Станува збор за напад на три момчиња од хрватска националност минатата недела во кафуле во Сонта.
Тој се осврна и на отвореното прашање за границите со Словенија и повтори дека арбитражната пресуда, во согласност со меѓународното право, не може да се спроведува без дозвола на двете страни.
„Очекувам од Словенија да се воздржи од еднострани потези и на тој начин се избегнат какви било можни инциденти“, изјави хрватскиот премиер.
Премиерот Пленковиќ изрази задоволство со остварениот напредок на Владата во текот на изминатата година на сите подрачја на делување.
Владата оваа година одржа 59 седници, од кои шест се одржани телефонски.