Vesna Besic
30 Мај 2023•Ажурирај: 31 Мај 2023
ЗАГРЕБ (АА) - Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, му ја честиташе победата на Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Туркије, јавува Анадолу.
„Му честитам на претседателот Реџеп Таип Ердоган за неговиот повторен избор. Со нетрпение очекувам да продолжат соработката и натамошното подобрување на односите меѓу Хрватска и Туркије“, напиша Пленковиќ на социјалната мрежа Твитер.
Според неофицијални резултати, актуелниот претседател Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Туркије со 52,16 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу доби 47,84 отсто од гласовите.