свет

Меркел и Пленковиќ во Загреб: Ја поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан

„Европската перспектива на земјите од Западен Балкан начелно ја поддржуваме, постигнавме успеси, посебно што се однесува до спорот околу името на Северна Македонија", рече Меркел

Stipe Majic  | 18.05.2019 - Обновена : 20.05.2019
Меркел и Пленковиќ во Загреб: Ја поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан

ЗАГРЕБ (AA) - Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ се состана во Бански двори со германската канцеларка Ангела Меркел која ја посети Хрватска по осум години, а разговараа за подготовките на Хрватска за членство во Шенгенот и плановите за влез во европодрачјето, спречување на незаконски миграции и состојбата на југоистокот на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

„Европската перспектива на земјите од Западен Балкан начелно ја поддржуваме, постигнавме успеси, посебно што се однесува до спорот околу името на Северна Македонија, но притоа треба да се земе в предвид дека критериумите за проширување треба да бидат исполнети. Тоа е прашање со кое уште ќе се позанимаваме", рече Меркел.

Хрватскиот премиер Пленковиќ, говорејќи за проширување, истакна дека Хрватска ќе биде домаќин на состанокот на шефовите на државите на владите на земјите на ЕУ и хрватското соседство, југоистокот на Европа, кој ќе се случи 20 години по состанокот кој на Хрватска ѝ ги отвори вратите во ЕУ.

„Сметаме дека е добар момент и дека е комплетиран со активностите кои германската канцеларка Меркел ги покрена пред неколку години со Берлинскиот процес каде е надоместен недостатокот на дијалогот на највисокот ниво кој застана уште во 2003 година во Солун", рече Пленковиќ.

Истакна дека на тој состанок сака да се постигнат конкретни точки за кои е потребна добра подготовка и консултации во период од наредните година дена.

Хрватскиот премиер Пленковиќ и германскат канцеларка Меркел разговараа за понатамошното јакнење на билатералните односи, првенствено преку спроведувањето на Акцискиот план за зајакната соработка помеѓу Владата на Република Хрватска и Владата на Германија, кој ова година во март во Берлин го потпишаа министрите за надворешни работи на Германија и Хрватска, а кои се однесуваат на 10 подрачја.

Пленковиќ истакна две клучни хрватски амбиции во неколку наредни години на ниво на ЕУ, а тоа е обезбедување на членството во Шенген преку исполнување на преостанатите критериуми во контола на надворешните граници и полициска соработка со околните земји.

„Важно ни е Шенгенот да биде она што некогаш бил, а за да успееме во тоа мораме да постигнеме поширок договор на ниво на ЕУ кој ќе овозможи слободен проток на стоки и услуги", рече хрватскиот премиер.

Нагласи дека Хрватска има 6.500 полицајци на надворешните граници и дека полицијата го почитува домашното законодавство и меѓународните конвенции и европското законодавство.

„Се што Хрватска работи е всушност заштита на незаконски миграции. Сакаме контролата на влез на наша територија да ја работат телата кои за тоа се надлежни, а не зад грб на најлош начин, заработувајќи на човечката несреќа на мигрантите, да делуваат криумчарите кои на тој начин ги дестабилизираат процесите во државите и членките на Унијата", порача Пленковиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека билатералните односи на двете држави се многу добри и дека важен мост претставуваат 370.000 хрватски државјани кои живеат во Германија, како и 2,5 милиони германски туристи во Хрватска на годишно ниво.

Пристапувањето на Хрватска во Шенгенот и еврозоната во претстојниот мандат на новата Европската комисија, како што истакна, е извесна.

„Има уште рабои да се направат, но Хрватска е на добар пат на кој Германија сака да помогне", рече Меркел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.