Sayed Khodaberdi Sadat
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
КАБУЛ
Во местото Фарси, во авганистанската провинција Херат, се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 9 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Џејлани Ферхад, портпаролот на гувернерот на провинцијата Херат, информираше дека во подрачјето на Нахуд Сијах, кое се наоѓа во местото Фарси, од патот излетал камион кој пренесувал патници и се стркалал во провалија. Тој рече дека во несреќата загинале 9 лица, а дека 15 се повредени.