Sayed Khodaberdi Sadat
18 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
КАБУЛ
Најмалку 3 лица загинаа, а 21 се повредени во бомбашкиот напад што се случи во местото Убе, во западната авганистанска покраина Херат, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Канцеларијата на гувернерот на Херат, Џејлани Ферхад, за АА изјави дека во Убе експлодирала бомба поставена на мотоцикл.
Тој соопшти дека експлозијата настанала во моментот кога пред мотоциклот минувало службено возило во кое се наоѓало и локалното службено лице Рахимудин Серверсзеј.
Фархад потврди дека во експлозијата животот го загубиле најмалку 3 лица, а 21 се ранети, од кои 3 жени.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.