Bahattin Gönültaş
04 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германија, која на светско ниво е една од водечките земји во производството на автомобили, си постави цел до 2030 година да изгради 1 милион станици за полнење на електрични автомобили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Германската канцеларка, Ангела Меркел, во неделното видео даде проценка околу програмата на Германија до 2030 година да прекине со производството на мотори на согорување и да премине кон производство на возила на електричен погон.
Меркел наведе дека подвижноста (мобилност) во иднината треба да биде „пријател со климата“, истакнувајќи дека за таа цел до 2030 година ќе ја зајакнат инфраструктурата на електрични возила во земјата, со изградба на 1 милион станици за електрично полнење.
Меркел истакна дека целта е со зголемување на станиците за полнење на електричните автомобили, потрошувачите да се оддалечат од моторите на согорување и да преминат кон моторите со мала емисија. „Подвижноста во иднината треба да биде пријател со климата, флексибилна, да одговара на вложените пари и да биде удобна“, истакна Меркел.
Во моментов во Германија постојат 21.000 станици за електрично полнење. Владата на потрошувачите им дава стимулативен бонус во висина од 4.000 евра за купување на електричен автомобил, а 3.000 евра за купување на хибридно возило.
Од друга страна, се очекува поради преоѓањето од мотори на согорување кон електрични мотори, во Германија, во периодот до 2035 година без работа да останат 114.000 луѓе, што во исто време значи намалување на националниот доход на земјата за 0,6 %, т.е. економска загуба од 20 милијарди евра.
Германската Влада формираше комисија од експерти кои подготвија нацрт-извештај, според кој за изградба на станици за електрично полнење на автомобили и камиони во земјата се потребни 25 милиони евра, за развој на локалниот транспорт 14,5 милијарди евра, а за изградба на нови велосипедски и пешачки патеки 18 милијарди евра.
Се очекува вкупната вредност, заедно со другите инвестиции и субвенции што ќе ги направи германската Влада, да изнесува најмалку 120 милијарди евра.
Во меѓувреме, повеќе од 1 милион работни места обезбедува индустријата поврзана со автомобилскиот сектор.