Furkan Abdula
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денеска е отворен Саемот на електромобили, на кој се изложени автомобили на електричен погон, како и хибрид-автомобили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саемот се одржува под мотото „Возиме на струја“, додека посетителите ќе можат до 16 октомври да го посетат саемот.
Автомобилите на електричен погон, како и хибрид-автомобилите, се изложени во Трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје.
Љубителите на автомобили ќе имаат можност одблизу да ги видат електричните и хибрид-автомобилите од различни производители, пред сѐ од „Тесла“, „Алфа Ромео“, „Цитроен“, „Фолксваген“, „Опел“ и други.
Исто така, во рамки на саемот е изложено и првото електрично „фиќо“ во Северна Македонија.