Furkan Abdula
10 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 3 дена во Северна Македонија регистрирани се 72 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 341.583, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.548.
Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 333.504.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 339.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 871 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.174.086 тестирања.