Gökhan Ergöçün
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Пазарната вредност на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ надмина 1 билион долари, откако американската компанија за изнајмување автомобили „Херц“ направи нарачка на 100.000 седан автомобили за 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акциите на компанијата во петокот беа со цена од околу 900 долари, но денес достигнаа цена од 1.030 долари.
Вредноста на најблискиот ривал „Tојота “ (околу 240 милијарди долари) е околу една четвртина од вредноста на тековната проценка на американскиот производител на автомобили.
По надминувањето на вредноста од 1 билион долари, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на Твитер напиша: „Wild $T1mes!“