економија

Светската банка ја зголемува прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија

„Овие позитивни изгледи за Северна Македонија и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување...“

Abdula Berisha  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Светската банка ја зголемува прогнозата за економскиот раст на Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Светската банка (СБ) предвидува раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Северна Македонија за 4,6 проценти во 2011 година, што е повисоко од пролетните проекции, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Северна Македонија не е исклучок од Западен Балкан, бидејќи целиот регион закрепнува по рецесијата во 2020 година предизвикана од Ковид-19 благодарение на побрзото закрепнување од очекуваното во 2021 година.

„Овие позитивни изгледи за Северна Македонија и понатаму се опкружени со надолни ризици како резултат на бавното темпо на имунизација и сè уште нарушените синџири на снабдување, како и со тоа што условите за финансирање почнаа да се затегнуваат“, вели Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово.

Во извештајот се истакнува дека пазарот на трудот бара повеќе внимание, бидејќи загубата на работни места од рецесијата непропорционално ги погоди жените и младите, а невработеноста на младите се зголеми на 37,7 проценти во 2021 година.

Исто така, од СБ истакнуваат дека Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан треба да се фокусираат на создавање работни места и економска трансформација, вклучувајќи ја и зелената транзиција.

СБ истакнува дека земјите од Западен Балкан би имале корист од реформите на деловното опкружување, управувањето и дигитализацијата, што би можеле да придонесат за растот и за затворање на јазот со земјите на ЕУ.

Ефективното управување со оваа зелена транзиција, вклучувајќи и многу компромиси со политиките, ќе треба да биде главниот фокус на вниманието на носителите на политиките на Западен Балкан во годините што претстојат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.