Sarp Özer
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денеска во Анкара изјави дека економскиот прогрес на Турција не е само во корист на 79-те милиони жители на Турција, туку тоа е во корист на сите загрозени, обесправени и угнетени народи и групи во регионот и во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим денеска во палатата во Чанкаја ја прими делегацијата на Конфедерацијата на трговци и занаетчии на Турција (ТЕСК) , предводен од неговиот претседател Бендевиј Паландокен, и во таа пригода истакна дека од 2002 година досега, националниот приход по жител во Турција забележува константен раст.
Истакнувајќи дека тој раст е особено изразен и во источниот регион Анадолија, Јилдирим рече дека власта на Турција сака со елиминирање на тероризмот, повторно на прво место на дневен ред во државата да го врати економскиот развој и прогресот.
Јилдирим рече дека на сите им е јасно оти Турција се наоѓа во незавидна положба кога станува збор за терористичките закани. Тој додаде дека Турција во исто време води борба против ПКК, ФЕТО и ДАЕШ, истовремено ги штити сопствените граници, и животите и имотот на своите граѓани.
„Покрај сите овие предизвици со кои се соочуваме, вклучувајќи го и обидот за државен удар, веќе 27 квартали забележуваме константен економски раст. Светот економски слабееше и се задушуваше во кризи, додека Турција растеше“, рече премиерот на Турција, Јилдирим.
Потсетувајќи дека во Турција од 2002 година се отворени 7 милиони нови работни места, за 4 пати е зголемен извозот и намален е буџетскиот дефицит од 11 на помалку од 2 отсто, Јилдирим истакна дека сето тоа е постигнато, истовремено водејќи ја и одлучната борба против терористите на ПКК, ФЕТО и ДАЕШ.
„Довербата на граѓаните во економијата на Турција во септември е зголемена за 21 отсто, во однос на податоците од август. Тоа значи дека секој 5-ти граѓанин го сменил својот став и рекол дека националната економија се движи по добар пат. Нам ни е неважно што велат кредитните агенции и останатите агенции за рејтинг, кога имаме таков став на народот. Нашиот рејтинг не може да го одредуваат три или пет агенциии, туку нашите занаетчии и народот. Ние одговараме пред нашиот народ, а не пред некакви рејтинг-агенции. Затоа, секој нека знае каде му е местото. Сите оние што се обидуваат на Турција да ѝ држат лекции, имаа можност да ја научат лекцијата на 15 јули“, рече премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.