Nuray Tunçay
10 Јуни 2016•Ажурирај: 11 Јуни 2016
АНКАРА (АА)- Турската економија за првиот квартал од годината( јан.-март) забележа стапка на раст од 4,8 проценти, јавува Anadolu Agency (АА).
Турскиот институтут за статистика (ТУИК), ги објави податоците поврзани со бруто домашниот производ (БДП) за изминатото прво тримесечје од годината.
Според податоците добиени од производствениот сектор, БДП, за првиот квартал во споредба со истиот период од лани, изнесено низ призма на фиксни цени забележа стапка на пораст од 4,8 % и достигна 31 милијарда 679 милиони лири, односно 499 милијарди 315 милиони лири со пораст од 12,5 % низ тековни цени.
Вкупната додадена вредност од активностите кои се дел од земјоделскиот сектор, во првиот квартал од годината во споредба со истиот од лани, забележа фиксна стапка на пораст од 2,7 % и достигна 1 милијарда 447 милиони лири, односно 18 милијарди 937 милиони лири со променлива стапка на пораст од 8,6 проценти.
Вкупната додадена вредност на активностите од индустрискиот сектор, за периодот од јануари-март, во споредба со оној од лани, бележи фиксен пораст од 5,9 проценти и достигна 10 милијарди 785 милиони лири, односно 120 милијарди 354 милиони лири со променлива стапка на пораст од 12,3 проценти.
Стапката на пораст за наведениот период во услужниот сектор забележа фиксна стапка на пораст од 5,1 % и изнесува 19 милијарди 884 милиони лири, односно 301 милијарди 633 милиони лири со 12,5 процентен пораст со променлива ценовна вредност.
Според „Истражувачката анкета за очекувања на растот“ спроведена од АА Финанс, економистите кои учествуваа во истата очекуваат економскиот раст да изнесува 4,4 проценти.