Can Erözden
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
АНКАРА (АА) – „Тесла“ - компанијата за производство на електрични возила и складирање на енергија со седиште во Калифорнија, соопшти дека од април ќе започне да прима нарачки за соларни ќерамиди, јавува Anadolu Agency (AA)
Претседателот на управниот одбор на компанијата, Илон Маск, по прашање поставено од страна на еден негов следбеник на Твитер истакна дека компанијата „Тесла“ од наредниот месец ќе започне со примање нарачки за проектот соларен покрив, но не даде никакви информации во врска со цената.
Минатата година компанијата „Тесла“ ја презеде фирмата „Солар Сити“ која работи на полето на соларната енергија. „Тесла“ минатата година ги презентираше новите модели на батерии кои ја складираат соларната енергија со помош на соларни ќерамиди и оваа енергија ја доставува до зградите.
Исто така, оваа компанија соопшти дека покривот со соларна енергија ќе чини помалку во споредба со вообичаените покриви со соларни панели.
Производството на овие соларни ќерамиди ќе започне во средината на 2017 година, а ќе има неколку модели за избор.
Од компанијата „Тесла“ сооштуваат дека ваквиот покрив за соларна енергија е поиздржлив и поефтин во споредба со вообичаените покриви, и дека оваа година ќе започнат со продажба на овој производ.