Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
ДЕТРОИТ (АА) - Американската компанија „Tesla“ (Тесла), која произведува електрични возила и делови за мотори на електричен погон, го претстави својот прв шлепер на електричен погон, јавува Anadolu Agency (AA).
Илон Муск, извршен директор на „Тесла“, во местото Хоторн, во сојузната држава Калифорнија го претстави новиот шлепер на електричен погон на компанијата, кој по полнењето на батериите може да извози пат во должина од 804 километри.
Муск соопшти дека производството на овој шлепер ќе започне во 2019 година, и истакна дека возилото ќе биде поекономично од шлеперите што користат дизел гориво.
Од друга страна, Муск не ја објави цената на новото возило.
Во исто време, беше претсавена новата верзија на спортскиот модел на автомобилот на електричен погон „Roadster“ (Роудстер).
„Roadster“, по полнењето на батериите, ќе може да имине пат во должина од 1.000 километри, достигнувајќи максимална брзина од 402 километри на час. Ова возило на електричен погон ќе биде во можност за време од 4,2 секунди да достигне брзина од 160 километри на час.
Новиот модел на „Roadster“ ќе почне да се произведува во 2020 година, а цената на основната верзија ќе изнесува 200.000 долари.