Şerife Çetin
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг, порача дека е запознаен со вчерашните случувања на вежбата на НАТО, „Trident Javelin“ во Норвешка, и дека поради оваа грешка упатил извинување до Турција, јавува Anadolu agency (AA).
Столтенберг упати пишано соопштение по повод скандалот што се случи во Заедничкиот воен центар на НАТО во Норвешка, во кој порачува: „Известен сум за случувањата за време на вежбата во Заедничкиот воен центар на НАТО во Ставангер, Норвешка.
Упатувам извинување поради грешката до која дојде. Причината за овие случувања е едно лице, и како такви, тие не претставуваат став на НАТО“.
Тој нагласи дека лицето што го предизвикало скандалот е веќе разрешено од должност и дека во врска со случајот е започната истрага.
„Тоа лице не е вработен на НАТО, туку цивилен службеник кого Норвешка го ангажираше по договор. Одлуката за казнување на ова лице ќе ја дадат норвешките официјални лица“, порача првиот човек на НАТО, Јенс Столтеберг и нагласи: „Турција е важен сојузник на НАТО и дава голем придонес на безбедоста на пактот“.
Норвешките офицери се разрешени од должност откако за време на вежбата на НАТО, актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган и првиот турски претседател Кемал Ататурк беа прикажани во непријателски тон.
Во вежбата на НАТО учествуваа турски војници, а по инцидентот, по наредба на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, турските војници беа повлечени од вежбата.
Ердоган денес изјави дека разговарал со началникот на Генералштабот на Турција и со министерот за европски интеграции, кои беа на пат во Канада. „Тие пренесоа за што станува збор и оти се работи за вежбата на НАТО. Рекоа дека таму се наоѓаат 40 наши војници и предложија да ги повлечеме. Секако, им реков да го сторат тоа веднаш. Нека се повлечат нашите војници, без оглед дали ќе бидат отстранети тие цели (со непријателски тон). Ваквиот сојуз и ваквото партнерство се невозможни“, изјави Ердгоан.