свет

Загинаа 5, а повредени се 41 лице во верижна сообраќајна несреќа во Јужна Кореја

- Во сообраќајката во која учествуваа 30 возила се наоѓал и еден шлепер кој транспортирал азотна киселина

Emre Aytekin  | 18.02.2020 - Обновена : 19.02.2020
Загинаа 5, а повредени се 41 лице во верижна сообраќајна несреќа во Јужна Кореја Фото: Архива / АА

АНКАРА - Во јужнокорејската провинција Северна Чола, во тунелот на Автопатот Сунчхон - Ванџу се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 5 лица, а 41 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Новинската агенција „Јонхап“ објави дека меѓу 30-те возила што учествувале во сообраќајката се наоѓал и еден шлепер кој транспортирал азотна киселина.

Во сообраќајката што се случи вчера, шлеперот со азотна киселина удрил во група од возила кои претходно учествувале во верижна сообраќајка. По несреќата наоколу се разлеала азотната киселина, која се запалила откако во шлеперот удриле новите возила кои влегле во тунелот.

Во несреќата животот го загубија 5 лица, а 41 се повредени.

Пожарот кој избувна по сообраќајката ги уништил безбедносните камери во тунелот, а чадот ги отежнал спасувачките операции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.