Can Erözden
23 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Со врвна брзина, турскиот мобилен оператор „Турксел“ ги престигна водечките провајдери во Европа и во САД во понудата на најбрз интернет за своите клиенти, соопшти денес компанијата, јавува Аnadolu Agency (AA).
Компанијата за тестирање на интернетот „Окла“ покажа дека интернет-врската од 4,5 Г на „Турксел“ нуди најбрз интернет, побрз од мобилните оператори во Германија, САД, Франција, Велика Британија, Шпанија и во Италија.
Од компанијата велат дека просечната брзина за преземање на податоците за клиентите на „Турксел“ изнесува 53,4 мегабајти во секунда, додека брзината на префрлање достигнува 18,6 мегабајти во секунда.
Од „Турксел“ соопштија дека имаат 26 милиони корисници на 4,5 Г, кои користат 602 милиони ГБ податоци годишно, што претставува рекордна бројка.
Извршниот директор на компанијата, Кан Терзиоглу, истакна дека компанијата заштедила огромни суми од турската економија преку директното префрлање од 3 Г на 4,5 Г.
„На предлог на нашиот претседател, Турција се префрли кон напредната технологија на 4,5 Г, наместо на 4 Г, заштедувајќи околу 10 милијарди долари во економијата“, рече тој. „Со оваа технологија, ќе биде полесно да се премине кон 5 Г со помалку инвестиции“, додава Терзиоглу.
ГСМ-мрежата во мобилната комуникација во Турција, „Турксел“ ја воведе во 1994 година.