Tuba Şahin
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА
Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк денес изјави дека Турција се наоѓа меѓу првите пет земји во Европа со своите големи погони за производство на опрема за ветерници, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција се надева дека ќе ја направи својата домашна индустрија поконкурентна во производството и на копно и на море во опремата за ветерни турбини“, рече Варанк на виртуелната сесија на турскиот Конгрес за ветерна енергија.
„Ќе ги преземеме потребните чекори за производство на опрема што сè уште не е произведена во нашата земја“, рече Варанк.
Истакнувајќи дека Министерството издало речиси 7.000 иницијативи за инвестиции во обновлива енергија во последните осум години, Варанк рече дека овие инвестиции, во вредност од 124 милијарди турски лири (34 милијарди долари) оттогаш отвориле работни места за над 19.000 луѓе.