наука и технологија

Турската компанија „Акфен“ ја постави 3. соларна електрана во близина на езерото Ван

„Трите електрани, со околу 60 гигават-часови производство на електрична енергија, се очекува да ги задоволат потребите на 80.000 жители“

Nuran Erkul Kaya  | 31.07.2019 - Обновена : 01.08.2019
Турската компанија „Акфен“ ја постави 3. соларна електрана во близина на езерото Ван

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската компанија за обновлива енергија „Акфен“ ја постави својата трета соларна електрана на брегот на езерото Ван и го зголеми капацитетот за соларна енергија во регионот на 37 мегавати, со инвестиција од 66 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на компанијата се вели дека третата соларна електрана од 13 мегавати, ПСИ Енгил (PSI Engil), следува по првите две електрани, Омикрон Ерџиш (Omicron Erciş) и Енгил (Engil), кои започнаа со операциите во септември 2018 година.

Компанијата до крајот на 2020 година има за цел да достигне 1.000 мегавати инсталиран капацитет на електрична енерија од домашни и обновливи извори на енергија.

Во согласност со оваа цел, вкупниот обем на инвестиции на компанијата во трите електрани лоцирани покрај езерото Ван, изнесува 66 милиони американски долари.

„Трите електрани, со околу 60 гигават-часови производство на електрична енергија, се очекува да ги задоволат потребите на 80.000 жители“, се вели во соопштението на компанијата „Акфен“.

Езерото Ван се наоѓа во Источна Анадолија во близина на границата со Иран. Зафаќа површина од 3.713 квадратни километри и има дијаметар од над 119 км на својата најширока точка.

Откако ПСИ Енгил (PSI Engil) започна со работа, капацитетот за производство на електрична енергија на „Акфен“ достигна 408 мегавати, од кои капацитетот за соларна енергија изнесуваше вкупно 108 мегавати.

Трите електрани имаат за цел да спречат емисија на јаглероден диоксид од 25.804 тони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın