Aşkın Kıyağan
25 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
ВИЕНА (АА) – На состанокот на Бордот на директори на Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA), романскиот дипломат Корнел Ферута е назначен за привремен претседател, пренесува Anadolu Agency (AA).
По смртта на поранешниот претседател на Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA), Јукија Амано, кој почина минатиот понеделник, Управниот одбор на Агенцијата одржа состанок во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Виена.
Во изјавата од Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA) соопштено е дека членовите на Управниот одбор, за да може Агенцијата да продолжи да функционира, го назначиле за „привремен претседател“ романскиот дипломат Ферута, кој долго време имал високи надлежности во Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA), до одредувањето нов претседател.
Минатиот понеделник, Агенцијата соопшти дека починал нивниот претседател, јапонскиот дипломат Амано. Тој, од 2009 година, три мандата беше на претседателската функција во Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA).