Mesut Varol
16 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
ВАН (АА) - Јато риби alburnus tarichi, познати по имињата тарек, бисерен ципал или риби од Ван, додека поради мрестење пливаат спротиводно кон слатките води, снимени се со подводни камери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова е вид риба која се наоѓа само во Туркије, односно е и единствена риба за која е познато дека го населува езерото Ван. Во овој период, односно од 15 април до 15 јули трае нејзиното предизвикувачко патување во рамките на кое, покрај тоа што плива спротиводно, треба да ги преживее и нападите на галебите.
Многу посетители секоја година доаѓаат во областа Ерџис во кој е можно да се види оваа уникатна глетка.
Нивното патување кон слатките води го сними експертот за подводно снимање, Тахсин Џејлан.
Џејлан во разговор со АА рече дека секоја година сведочи на ова тешко патување на бисерниот ципал за време на мрестењето.
„Имам голема почит кон овој величествен природен процес. Постои вистинска борба против струјата. Со малите тела ги надминуваат пречките една по една. Секоја година го снимам овој величествен природен процес. Големо е задоволството да се сведочи на оваа борба на рибите. Нивната борба би требало да биде инспирација на луѓето“, рече Џејлан.