Amina Zorniç
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 35 тони мртва риба се пронајдени во езерото Хонгченг во кинеската провинција Хаинан, додека шокираните жители и локални власти се обидуваат да ја најдат причината за овој масовен помор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според пишувањето на СNN, кинеските медиуми објавија дека станува збор за помор предизвикан поради промената на салинитетот на водата. Мештаните веруваат дека рибите во голем број допливале од други води, но останува нејасно што го предизвикало поморот.
Остана нејасно и за каков вид на риба станува збор, а локалните власти потврдија само дека рибата е со големина на дланк и дека претходно не била видена во споменатото езеро.
На санитарни работници им е наредено да ја уништат рибата, да ја запалат, за да ги спречат илегалните трговци да ја продаваат рибата за исхрана на луѓето.
Кинеската полиција започна истрага во врска со овој помор.